Не треба да се руши Порта Македонија, смета Заев

by Fokus

Владата со мислењето испратено до Општина Центар не бара да се урне проектот Порта Македонија или кој било друг од споменатите објекти, рече премиерот Зоран Заев.

-Мислењето дадено од Владата до Општина Центар не укажува дека треба да се руши кој било од споменатите oбјекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата дадени од самите стручни комисии формирани од извршната власт, истакна Заев одговорајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека конкретниот проект, Порта Македонија, не попречува пешачки, ниту моторен сообраќај и дека низ уличната мрежа секојдневно минуваат и пешаци и возила, односно дека е дозволена  непречена комуникација.

Поврзани новости