Не сум во Монте Карло, сликата е од поодамна, вели Арсовски

by Fokus

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски се огласи на својот Фејсбук профил со демант, откако некои портали, а потоа и СДСМ објавија дека тој бил наводно на екслузивен одмор во Монте Карло.

„Гледам ме споменуваат СДСМ на прес конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цензурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период. Имено, да, се работи за слика од поодамна годинава и бидејќи ги интересира моето патување таму, еве ќе им објаснам.

Бев на приватно патување со семејството на гости кај најблиски роднини од потесното семејство на мојата сопруга (нејзин дедо, татко на нејзин родител) кои живеат во Франција и сакаа да си го видат правнукот (син ми), бидејќи се повозрасни и со ковид кризата и нивната возраст не го имаа видено откако се роди“, вели Арсовски во својата објава.

Поврзани новости