Не работат трите блока на РЕК Битола

by fokus

Трите блока на РЕК Битола, енергетскиот гигант кој произведува 80 отсто од струјата во Македонија денеска не беа во функција. Од таму потврдија дека настанала хаварија на постројка во вториот блок и дека не работат трите блока.

-Се очекува TE Битола 3 да биде приклучена на електроенергетскиот систем најдоцна до крајот на денешниот ден, додека соодветно на однапред утврден гантограм на активности Битола 1 ќе биде вклучена во текот на утрешниот ден. АД ЕЛЕМ сите неопходни количини од електрична енергија за потребите на домаќинствата и субјекти на регулираниот пазар ги испорачува од сопствените производни капацитети – се вели во нивното соопштение.

Од комбинатот посочуваат дека сите неопходни количини од електрична  енергија за потребите на домаќинствата и субјекти на регулираниот пазар ЕЛЕМ ги испорачува од сопствените производни капацитети.

Ова е втор пат летово во еден ист ден да не работат трите блока на РЕК.

Поврзани новости