Не очекувавме вакцините да траат толку кратко, вели Петличковски

by Fokus

Изненадување е тоа што вакцините траат толку кратко, но сите статистики покажуваат дека тие штитат од тешка клиничка слика и смртен исход.

Ова го истакна директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски во гостувањето во Дневникот во ТВ Сител.

„Не очекувавме вакцините да траат толку кратко. Оваа лесна слика може да биде резултат на претходната имунизација. Овој имунитет има резултат и дел од овие благи клинички слики се должат на тоа. Овој вирус е изменет во однос на претходните, а сите статистики укажуваат дека вакцината спасува живот и од тешка клиничка слика“, рече тој.

Поврзани новости