Не можеме да очекуваме праведно судење од судии од тефтерчето, вели Спасовски

by Fokus

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип истакна дека во изминатиот период во областа на правдата е направено многу, но не е се довршено, ќе мора уште многу повеќе да се работи се исчисти тој троскот од судовите и обвинителствата.

Не можеме да очекуваме праведно судење, од судии од тефтерчето или од обвинители кои беа слуги на режимот, затоа мора да има прочистување, ако сакаме да имаме правда до крај и правда за секого, нагласи Спасовски.

Тој порача дека секој ќе мора да сноси одговорност зашто интересот на граѓаните е број еден затоа што сме земале обврска да им служиме на граѓаните, да служиме на народот затоа е важно да направиме се и да ја сузбиеме корупцијата, бидејќи таа ја јаде економијата, фирмите ги јаде работните места.

Тоа е приоритет број еден во битката што ни претстои, денес битка над сите битки е да се справиме со криминалот и корупцијата и ќе бидеме максимално посветени на тоа во наредниот период, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Пробиштип.

 

Поврзани новости