Не може да биде happy hour само за Украина, кога е happy hour, пијат сите, вели Милановиќ

by fokus

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска повторно побара на Босна и Херцеговина да ѝ се додели кандидатски статус за влез во Европската Унија.

Лидери на земјите членки на ЕУ денеска и утре на самит во Брисел одлучуваат за кандидатски статус за Украина и за Молдавија, за што постои силна поддршка.

-Кога е „Happy hour“ сите пијат поевтино, тоа не може да биде „happy hour“ само за вас. И сега имаме можност да кренеме палци на БиХ, рече Милановиќ.

Милановиќ повторно побара ист статус да добие и Босна и Херцеговина. Во ова, тој има одлучна поддршка од словенечкиот претседател Борут Пахор, а на иницијативата се придружи и Австрија.

– Во име на сите членки слушаме дека Украина ќе добие кандидатски статус. Молдавија исто така. Во ред, Украина нека добие статус кандидат, но и таа, како и Молдавија, имаат некои големи проблеми, изјави Милановиќ, истакнувајќи оти земјите не исполнуваат ниту еден услов.

Според него, „тоа е шанса да ѝ се додели кандидатски статус на Босна и Херцеговина, како чин на доверба и на надеж“. Тој не гледа како некој би можел да биде против тоа.

Хрватскиот претседател оцени дека темата за Босна и Херцеговина, статусот на Хрватите и нивното распаѓање е витален хрватски национален интерес.

Поврзани новости