„Не мислам дека патниците во автобусите придонесуваат за ширење на пандемијата“, вели Шилегов

by Fokus

Фотографијата што вчера се појави на социјалните мрежи од преполн автобус на ЈСП во Скопје е лажна, тврди градоначалникот на градот, Петре Шилегов.

Како што истакна тој, со ваквите информации само лошо се влијае врз менталното здравје на луѓето во време на пандемија.

„Ние треба да ги дестимулираме граѓаните да го користат автомобилскиот сообраќај. Ќе биде поекономично да се користи јавниот превоз. Ја видов вчера фотографијата и лажна е веста. Ова остава последици по нашето ментално здравје како луѓе. Генерално не може да се каже дека бројот на патници придонесува за ширење на пандемијата“, смета Шилегов.

Поврзани новости