Не мирува тлото во Истанбул

by fokus
По силниот земјотрес од 5,8 степени според Рихтер што вчера го погоди Истанбул, регистрирани се 188 последователни потреси, изјави денеска Фуат Октај, потпретседател на Турција.
Потресот беше регистриран на длабочина од 6,9 километри.
Според турски медиуми, последователните потреси се уште се активни. Најсилниот меѓу нив е регистриран со интензитет од 4,1 по Рихтер.
Досега се добиени информации за штети врз 473 објекти, меѓу кои и 55 училишта. Хоспитализирани се 34 луѓе.

Поврзани новости