Не ја пуштил да влезе, па ја турнал по скали мајката на својата сопруга

by Fokus

Седумдетсетиседумгодишна жена се здобила сотешки телесни повреди, откако била турната по скали од сопругот на нејзината ќерка.

„На 22.03.2019 година околу 18,30 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата “Адем Адемоски“ В.П.(77) се обидела да влезе во куќата на нејзината ќерка К.Н. и зет Љ.Н. и по кратка вербална расправија со нејзиниот зет кој не ја пуштал да влезе, во еден момент ја турнал и паднала на скалите пред влезната врата од куќата. Од падот се здобила со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата Болница-Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости