Не граѓаните, туку дел од институциите не се „дисциплинирани“, вели Пендаровски

by fokus

Неспорно е дека граѓаните во еден дел, јас би рекол дека многу мал дел не се дисциплинирани, но јас мислам дека еден дел и од државните инстиуции не се „дисциплинирани“, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју во емисијата „Трлинг“ на Телевизија 24 во однос на постојаните обвинувања на власта дека граѓаните се недициплинирани и затоа имаме голем број на заразени и починати од корона вирусот.

Тој вели дека не станува збор само за верските заедници кои на почетокот беа на удар на јавноста дека се причина за непочитувањето на мерките и големите собири, туку и за селективноста при постапувањето на институциите во работата на кафани, ресторани, односно една кафана работи, друга не работи.

Според него, со тоа се гледа дека институциите постапувале селективно.

-Ако се почитуваа и имплементираа стопроцентно мерките од страна на институциите, ако институциите санкционираа сто посто, ќе имавме драстично помал број на заболени и починати. Апсолутно гледа слабости во функционирањето на дел од институциите во селективна примена на законите и прописите. Има случаи кои сите ги знаеме во јавноста, имаше кафани, дискотеки, концерти каде имате луѓе „еден преку друг“, но не гледам санкции. Имаше кафич запечатен, газдите доаѓаат го отвораат“, рече Пендаровски.

Поврзани новости