Не е препорачливо да се мешаат вакцините, тврди доктор Докиќ

by Fokus

Повеќе од три недели како трае масовната имунизација во државата, а бројката посебно се зголеми откако стигнаа 200.000 дози на кинеските вакцини. Сепак, со оглед на тоа што постојат многу шпекулации околу начинот за тоа која вакцина како делува, на кој начин, колку антитела создава, дел од граѓаните се во заблуда.

Во периодот додека немаше вакцини,околу 10.000 граѓани се вакцинираа со Астра Зенека во Србија, каде што ја примија првата доза на вакцина. Тогаш, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека, истите тие граѓани втората доза ќе можат да ја примаат во Македонија без никаков проблем, за подоцна откако Германија донесе одлука со Астра Зенека да се вакцинираат граѓани над 60 години, актуелниот министер ја смени одлуката. Тој ја поддржа одлуката на Германија, но остана на истата и откако се направија доволно испитувања и Германија ја смени таквата одлука, како и многу друг земји.

Сепак, една од заблудите која останува е дали, а која ги мачи дел од граѓаните е дали може да примаат две рзлични дози на вакцини, односно дали може да примаат вакцини од различни производители.

„Фокус“ на оваа тема поразговара со директоторот на скопската Клиника за Пулмологија, доктор Дејан Докиќ, кој нагласи дека не е е препорачливо.

„Секоја од фирмите, односно производителите на вакцините во своите правилници имаа регистрирано дека треба да се примаат истите дози на вакцини. Тоа значи, дека ако некој сам на своја рака си донесе одлука да се вакцинира со две различни дози на вакцини, а настанат некои компликации, тогаш ниту еден од производителите за тоа не сноси никаква одговорност. Затоа не треба, а и не е препорачливо граѓаните да се вакцинираат со различни дози на вакцини – истакна доктор Докиќ.

Ирена Мулачка

Поврзани новости