НДП: Мора да има решенија, па потоа избори

by Фокус 14:47
14:47

На избори на 24 април нема да излезе Националната Демократска Преродба на Руфи Османи.

– За НДП нема избори без решенија. НДП смета дека Македонија во последните 8 години има организирано 4 предвремени парламентарни избори, но решенија се уште не сме имале се до ден денес. Поради овaа причина, наивно и неиздржливо е да се мисли на организирање на предвремени парламентарни избори по петти пат, без решавање на проблемите кои ја доведоа земјата до работ на пропаст. Дефинитивно се исполнети условите за решенија, а не за избори, се вели во партиското соопштение.

- Advertisements -

Поврзани новости