НДМ: Уставниот суд да утврди дали Иванов е слабоумен

by Fokus 15:55
15:55

Народно движење за Македонијa поднесе  иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за постоење на околности кај претседателот  Ѓорге Иванов кои може да влијаат на неговата спреченост да ја врши функцијата.

– Со иницијативата се предлага покренување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Иванов да ја врши својата функција. Иванов, со своите контрадикторни одлуки за аболицијата побудува сериозно сомнение дека постојат случаи кои влијаат врз неговата душевна состојба и слабоумноста во контекст на неговото размислување да не може да ги сфати дејствијата кои ги презема. Поточно, Иванов не може да распознае што е интерес на државата и граѓаните со аболицијата, бидејќи носи две различни одлуки за иста работа и притоа за двете одлуки вели дека се во интерес на државата и граѓаните –  рече Злате Војноски, член на Извршниот комитет на НДМ.

- Advertising -

 

Поврзани новости