Наводната партиска книшка на Јанева е фалсификат

by fokus

Наводната партиска книшка од СДСМ на специјалната обвинителка Катица Јанева која ја објавија дел од медиумите блиски до власта е фалсификат. Тоа е одговорот кој го добил порталот А1он на прашањето дали е вистинито тврдењето на  „Дневник“.

-Партиската книшка која ја прикажа „Дневник“ е сосема нова што е неверојатно за документ изваден пред 12 години како што тврдат од медиумот. Очигледно е дека книшката е направена со фотомонтажа на кој се ставените датумот на раѓање на Јанева како и потписот на Бранко Црвенковски кој може да се пронајде на многу документи, одговориле извори од СДСМ за А1он.

Оттаму додале и дека власта измислува и креира партиски книшки, само да го одвлече внианието од нивниот криминал како и истрагите кои се водат против високите функционери во текот на овој месец.

Уште еден факт кој, поред според порталот, говори дека се работи за фотомонтажа е дека Катица Јанева во 2004 година кога наводно е извадена партиската книшка, била обвинител и според законот не можела ниту да извади партиска книшка ниту пак да стане партиски член.

Поврзани новости