Навивачка некултура на трибините: Да даде Господ да ги скршиш двете нозе!

by fokus

За време на фудбалскиот меч помеѓу Македонија ЃП и Вардар, струмичкиот фудбалски ас, Горан Попов кој што настапи во дресот на Вардар, се налутил на публиката. Испровоциран од поради тоа што дел од гостите од трибините, наместо да уживаат во фудбалот, го колнеле и пцуеле, тој по завршувањето на мечот за „Македонски спорт“ раскажал за лошото искуство.

„Среќен сум што на 50 настап на официјалните натпревари постигнав гол. Сепак, лут сум на публиката! Имаше на трибината некои кои што ме колнеа и велеа да даде Господ да ги скршам двете нозе и многу се изнервирав!

Јас со ништо не ги испровоцирав, на еден обичен првенствен натпревар. Во мојата кариера јас ваква публика како што е во Македонија немам видено и се надевам нешто ќе се смени во иднина, затоа што такви клетви не се трпат повеќе! Наместо да дојдат и да уживаат во фудбалот, тие доаѓаат само да пцујат и да колнат. Не ми се верува’’ – реагирал Попов.

Лани тој беше удрен со стаклено шише кое што го фрли некој од публиката за време на мечот Шкупи – Вардар, но помина со лесна повреда на грбот.

Струмичанецот е познат како најдобриот лев бек на нашите простори. Минатата година во Холандија беше снимен документарен филм за него, насловен како „Позитивното лошо момче“. Актуелен член е на Вардар, а беше дел и од македонската репрезентација.

Вики Клинчарова

Поврзани новости