Навивачите на Интер ја прославија титулата во Серија А

by Fokus

Повеќе од 30.000 навивачи на Интер бучно ја прославија во неделата вечер на најубавиот плоштад во Милано „Пјаца де Дуомо“ првата шампионската титула на нивниот клуб по пауза од 11 години.

Навивачката прослава почна спонтано набрзо откако второпласираната Аталанта ремизираше на гостувањето кај Сасуоло (1:1) што на Интер му донесе недостижни 13 бодови предност на четири кола пред крајот на италијанското првенство.

И покрај забраната за групни собирања и мерките за социјална дистанца, илјадници навивачи на Интер со „сино – црни“ знамиња, димни бомби и пеење навивачки песни го „окупираа“ плоштадот пред миланската катедрала.

-Ова е ослободување по едногодишно страдање, изјави еден навивач на Интер, додека друг додаде: „Денеска ја славиме титулата, утре ќе размислуваме за Ковид вирусот“.

Поврзани новости