Навикнати сме на ерупциите, Етна е нашиот симбол, раскажува жител на Катанија

by Fokus

Исфрлањето на вулканска лава воопшто не е пријатно, тоа е застрашувачки феномен за жителите на Катанија, Сицилија, кои велат дека со годините се навикнале на овој феномен. Италијанецот Дарио раскажува како изгледала ерупцијата на вулканот Етна на Сицилија, по чија ерупција деновиве беше затворен аеродромот во Катанија а стотици патници останаа заробени на еродромот.

„Денот кога започна ерупцијата, врнеше малку дожд, а потоа темнината го зафати целиот град, како најголемите црни облаци. Мислевме дека доаѓа голема бура, но не долго после тоа, врела пепел почна да паѓа над дожд и доста ни беше, јасно е дека една од ерупциите повторно започна“, изјави Дарио Кватроки од Катанија, за регионалната новинска агенција „Рина. рс“

По ерупцијата на вулканот улиците, дворовите и прозорците биле целосно црни.

„Целиот град поцрнува, огромните количества пепел често ги затнуваат одводите, а кога повторно ќе врне тие се затнуваат, а потоа се излеваат. По секоја ерупција. мора да почнеме да чистиме за да можеме нормално да функционираме.Некои сограѓани од пепелот прават уникатни сувенири кои подоцна им ги продаваат на туристите“, изјави Дарио.

Тој додава дека и покрај тоа што активниот вулкан Етна понекогаш изгледа навистина заглушувачко, тоа е она по што се познати во Европа и светот, па затоа се среќни што всушност е тука во нивниот град.

„Навикнати сме на тоа, Етна е нашиот симбол. Она што секако е најголемиот проблем предизвикан од ерупцијата е секако воздушниот сообраќај, бидејќи многу летови се откажани, бидејќи авионите не можат да полетаат поради огромната количина пепел. Стотици луѓе беа оставени на аеродромот во претходните денови, но штом условите дозволија, пистите беа расчистени и се беше вратено во нормала“, изјави овој жител на Катанија.

Етна е активен вулкан во Италија кој се наоѓа на источниот брег на Сицилија, во близина на Месина и Катанија, се издига на 3.357 m надморска височина и покрива површина од 1.190 km2 со основен обем од 140 километри.
Ова го прави убедливо најголемиот од трите активни вулкани во Италија, околу два и пол пати повисок од следниот најголем, Везув.

Етна е еден од најактивните вулкани во светот и речиси постојано еруптира. Иако во неколку наврати има направено огромни штети, Етна не се смета за многу опасен вулкан. Плодната вулканска почва поддржува екстензивно земјоделство, со лозја и овоштарници што ги опфаќаат долните падини на планината и широките рамнини на Катанија.

Поврзани новости