Наумовски: Предлозите на Нимиц се далеку од достоинствено решение

by fokus 20:52
20:52

Предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се далеку од достоинствено решение, изјави македонскиот претставник во разговорите за името, амбасадорот Васко Наумовски за телевизија Сител.

-Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, името што е во основата на нашиот идентитет. Исто така, денес во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за коишто сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение, но, сепак, овие предлози ќе бидат презентирани пред државно-политичкиот врв и истиот ќе може да заземе став по ова прашање, рече Наумовски.

- Advertising -

Тој додаде дека не е оптимист дека проглемот со Грција ќе биде решен.

Поврзани новости