Наумовски ќе постави семафор на местото каде беше удрено детето во Ѓорче Петров

by fokus 17:33
17:33

На критичното место во населбата Ѓорче Петров каде што беше прегазено дете ќе биде поставен семафор со кој се очекува целосно да се реши проблемот со сообраќајот, најави денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски.

-Како градоначалник, жител на општината, и родител изразувам големо жалење за незгодата при што повредено е дете кое е наш сограѓанин. Посакувам што побрзо да закрепне, и се надевам дека по решавање на сообраќајниот проблем, никогаш повеќе во мојата општина, на тоа место, нема да се повтори ваков немил настан, кој за жал се повторува. Во повеќе наврати, заедно со релевантните засегнати страни, но и невладини организации кои работат на проблематиката, како општина инициравме средби на оваа тема, а дебатиравме за можни решенија токму пред неколку дена во мојот Кабинет, рече Наумовски.

Граѓани од населбата Ѓорче Петров и денеска ќе протестираат на местото каде вчера беше удрено десетгодишно дете, кое со скршеници на черепот е задржано на Клиника.

Поврзани новости