Наумовски: Бугарија е веќе влезена во изборна кампања

by Фокус

Поранешен вицепремиер и амбасадор во САД, Васко Наумовски, смета дека за време на наредното шестмесечно претседателство со ЕУ би биле поголеми шансите да се направи исчекор во преговорите со Бугарија.

-Бугарија е веќе навлезена во предизборна кампања. Ова прашање, за жал, веќе е тема во дневната политика. Мислам дека за време на наредното шестмесечно претседателство би биле поголеми шансите да се направи исчекор. За дијалог секогаш треба да се даде шанса, но треба да обрнеме внимание со каква волја се одвива тој дијалог. За жал, во изминатите денови, недели, она што го слушаме од официјалните претставници на бугарската влада е еден излив на негативни чувства кон Македонија, кон македонскиот народ што се граничи со понижување и навреди. И мислам дека тоа не придонесува кон подобрување на шансите за успех – изјави Наумовски во емисијата „360 степени“.

Поврзани новости