Наумовски: Амбасадорот не беше предвиден во делегацијата на Шекеринска

by fokus

Амбасадорот во САД, Васко Наумовски, во допис до МНР вели дека не бил предвиден во составот на делегацијата на Шекеринска, ниту било возможно самоиницијативно да се појави на средбите. Објаснува дека составот на делегацијата и форматот на состаноците го одредува шефот на делегацијата, а секој обид на амбасадорот самоиницијативно да стане дел од средбите би значело непочитување на шефот на делегацијата, и би предизвикало проблеми во протоколот и безбедноста.

-Во програмата јасно е наведено дека лице за пречек е одбранбеното аташе, а не амбасадорот. Појавувањето на амбасадорот на пречекот би значело непочитување на волјата и очекувањата на делегацијата. Во однос на сите средби, форматот ги вклучувал само членовите на делегацијата, меѓу кои го нема амбасадорот. Амбасадорот немал намера да изразува интерес и да навлегува во ничие приватно време, особено не на високи функционери, пишува Наумовски.

Тој додава дека во изминатиот период биле организирани повеќе посети на делегации (Анѓушев, Димитров, Груби, Кирацоски, Адеми) при што секогаш амбасадорот бил дел од делегациите, и присуствувал на средбите, што било јасен демант на обвинувањата за некакво политичко делување.

 

Поврзани новости