Наумов: Власта на Груевски на големо крадела избори

by Фокус

Паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ и противењето да има теренска проверка на фантомските гласачи е уште еден доказ дека власта на Никола Груевски на големо крадела избори, дополнителниот заменик министер за финансии од редовите на СДСМ Кире Наумов.

– Груевски и неговите соработници се исплашија од илјадниците фантоми што им излегоа и сега не сакаат на терен. Но, нема веќе што сака Груевски. Избирачкиот список мора да се прочисти, теренска проверка мора да има, мора да има и медиумски реформи. Граѓаните сакаат фер и регуларни избори и само такви избори ќе се случат во Република Македонија – порача Наумов при посетата на Демир Капија.

Поврзани новости