Наумов: Илјадниците фантомски гласачи се доказ за криминалното крадење на изборите на актуелната власт

by Фокус

Токму ваквите илјадници фантомски гласачи кои секојдневно се разоткриваат и милионите евра пари на граѓаните што власта на Груевски ги истура на медиумите под контрола за да ја фингира реалноста се само некои од многуте докази дека актуелната 10-годишна власт на криминални избори ја крадела слободната волја на граѓаните, истакна дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов на средбата со граѓаните во Чаир.

– Затоа Уставниот суд се обидува да го штити грбот на криминалната група којашто владее на нечесен начин, бидејќи оваа институција е исто така узурпирана од нив. Но бидете сигурни, од правдата нема да избегаат, во Македонија мора да има фер избори со чист Избирачки список и слободни медиуми, а се што земале од граѓаните ќе мора да вратат – рече Наумов.

Граѓаните на Чаир се соочуваат со истите проблеми како граѓаните во сите други делови на Скопје и Македонија – тешко излегуваат на крај со егзистенцијата, многумина од нив се невработени. Но актуелна тема за сите, во овој момент се фантомските гласачи во Избирачкиот список. Тие се изненадени колку неправилности самите нашле во списокот.

– Моите родители се починати од 2012 година, а се уште ги има во Избирачкиот список – истакна еден од граѓаните на средбата.

Поврзани новости