Научник од Балканот ја примил Оксфордската вакцина против Ковид-19

by Fokus

Бранко Рихтман од Босна, научник и микробиолог на Универзитетот Ворик во Англија е меѓу 1077-те доброволци коj ja прими вакцината против Ковид-19 уште во раната фаза, што ја развиваат експерти на Универзитетот Оксфорд.

– Вакцината ја примив во рамото од левата рака, ме задржаа некое време за да проверат дали ќе добијам некои несакани појави. Сè беше нормално. После примената вакцина секоја недела сам си земам брис, односно правам ПСР тест и го испраќам на проверка. По 30 дена, три, шест и 12 месеци ќе ми земат повторно крв за да се проверат антителата, појаснува тој.

Босанскиот научник вели дека се одлучил за овој чекор бидејќи верува дека нема да може светот да се врати во нормална состојба без вакцина.

-Според симптомите, најслична е со вакцината за пневмонија, а се карактеризира со слаба болка на местото на примање на боцкањето. Во поретки случаи освен болка, оток и црвенило на местото на примање на вакцината и болка во раката, може да се јави главоболка и малаксаност, како и покачување на телесната температура која се регулира со парацетамол. Овие симптоми секако, се разликуваат од случај до случај, појаснува Рихтман.

Кога почнала првата фаза од тестирањето на Оксфорд, се појавија тврдења дека првиот волонтер починал. Но, ова беше брзо демантирано, а Би-Би-Си со него имаше интервју. Кај 16 проценти од волонтерите се појавила блага температура која била контролирана со парацетамол.

Во моментов во светот се вршат 25 клинички тестирања, но се чини дека експериментот на универзитетот Оксфорд најбрзо ќе ги даде очајно посакуваните резултати. Научниците се во трка со времето во пронаоѓање на стабилен лек за овој мистериозен, но моќен вирус, кој науката ја фати неподготвена. Најмногу поради фактот што, освен преку видливи симптоми, може да биде пренесен и од здравите луѓе, без симптоми. Затоа, го доби името „невидлив непријател на многу начини“.

Поврзани новости