Националната стратегија за деинституционализација на домовите симболично насловена „Тимјаник“

by fokus

Имајќи предвид дека за неколку месеци завршува националната стратегија за деинституционализација 2008–2018, министрите на денешната владина седница ја прифатија и новата Национална стратегија за деинституционализација во Република Македонија за 2018–2027 симболично насловена „Тимјаник“.

Новата Национална стратегија за деинституционализација го проширува фокусот и нуди сеопфатен преглед на социјалните услуги во тековниот контекст, велат од Владата.

-Стратегијата ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и дејствата што треба да се преземат и подобрат при спроведувањето на преминот од институционална грижа кон систем за социјална грижа во семејството и заедницата со поддршка од социјалните служби. Во моментов во институции се сместени вкупно 2 358 лица, информираа од владината прес служба.

Поврзани новости