НАТО загрижен поради военото јакнење на Кина

by Fokus

НАТО сојузниците се загрижени поради брзото и нетранспарентно воено зајакнување на Кина и нејзината соработка со Русија, истакна американскиот државен секретар Антони Блинкен, додавајќи дека денеска разговарале за конкретни начини за справување со предизвиците што ги поставува Пекинг

– Членовите на нашата Алијанса и натаму се загрижени поради политиката на присила на Народна Република Кина, употребата на дезинформации, брзото, нетранспарентно јакнење на војската, вклучително и соработката со Русија, рече Блинкен на прес-конференција по дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО.

– Но, ние, исто така, остануваме посветени на одржување на конструктивен дијалог со Кина секаде каде што можеме и ги поздравуваме можностите да работиме заедно на заедничките предизвици, додаде тој.

НАТО останува фокусиран на одржување на обединета поддршка за Украина, а членките, исто така, сакаат да ја зајакнат отпорноста на Алијансата со разгледување на новите предизвици, вклучително и оние што ги поставува Кина, потенцираше Блинкен.

Поврзани новости