НАТО состанок за поддршката на Македонија, Албанија и Црна Гора за справување со Ковид-19

by Fokus

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска и утре ќе одржат виртуелен состанок со кој ќе претседава генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг..

Министрите ќе разговараат за напредокот во однос на пофер распределба на товарот, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана во сите домени, зајакнување на отпорноста на општестватa; и за мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак. Ќе стане збор и за справувањето со пандемијата на Ковид-19 и поддршката од Алијансата за Северна Македонија, Албанија и Црна Гора.

-Пандемијата Ковид-19 продолжува да не предизвикува сите нас. Нашите војски продолжуваат да играат клучна улога во поддршката на цивилните напори. И сојузниците си помагаат едни на други. Поставување на теренски болници и транспорт на пациенти. И овој месец, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија добиваат поддршка од новите резерви на НАТО. Ковид-19 не направи другите предизвици да исчезнат. Значи, останува од витално значење да инвестираме во нашата одбрана, рече Столтенберг вчера на прес – конференцијата по повод одржувањето на дводневниот министерскит состaнок.

Поврзани новости