НАТО се подготвува за македонското знаме

by Fokus

Во Брисел во тек се подготовки за  кревање на знамето на Македонија која наскоро и официјално ќе стане 30-та земја членка на Алијансата. Пред седиштето на НАТО јарболот е поставен, на ред е гравирање на името на постаментот.

-Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО?
Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите пригодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз.
Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина, напиша Жерновски на својот Фејсбук профил.

Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО е ратификуван во парламентите на 29 земји членки. Со одложено дејство го усвои и во македонското Собрание пред да се самораспушти, а останува процедурата да помине уште во шпанскиот Сенат за земјава и официјално да биде примена како 30 членка во семејството на Северноатлантскиот сојуз.

Поврзани новости