НАТО: Мнозинството во парламентот избра претседател, осуда за насилството

by fokus

Остра осуда за вчерашните напади врз пратениците и присутните во Парламентот во земјава, стигна од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Насилството нема место во ниту еден Парламент. Ги повикувам сите политички актери да покажат воздржаност и респект кон демократските процеси. Политичкиот дијалог е единствен рационален и соодветен начин да се оди напред и тоа во интерес на сите граѓани.

Мнозинството во парламентот избра нов претседател што е позитивен чекор за да се разреши актуелниот политички ќорсокак. Демократските процеси мора да бидат почитувани. Властите имаат висока одговорност да одржат владеењето на правото и да обезбедат безбедност на Парламентот и на неговите членови во секое време.

Насилството кое го видовме вчера не смее да се дозволи да се случи повторно“, соопшти Столтенберг.

Тој и вчера твитна дека е шокиран од нападите во Скопје. „Сите партии треба да ги почитуваат демократските процеси и да се вклучат во дијалог а не во насилство“, гласеше твитот.

Поврзани новости