НАТО-караванот започна од Велес

by fokus

Амбасадорката на Велика Британија во Скопје, Рејчел Галовеј, денеска во Велес се сретна и со градоначалникот Аце Коцевски со кого разговараше за реформите во јавната администрација, како и за и други проекти.

Амбасадорката ги посети и градинките „Димче Мирчев” каде се реализира проект на УНИЦЕФ за едукација на воспитувачките, а учествуваше и одржа предавања на едукативниот НАТО-караван во салата на Општина Велес, а на кој учество земаа средношколците од Велес и Кавадарци. Таа појасни која е мисијата на НАТО и воедно пренесе лични искуства од нејзиното учество во НАТО-мисии во светот. Инаку, караванот го организира ИНФО-центарот за евроатлантски интеграции и МОСТ.

Амбасадорката Рејчел Галовеј во изјавата за МИА потенцира дека НАТО караванот е одличен проект, бидејќи Северна Македонија наскоро ќе стане 30-тата членка на НАТО.

Поврзани новости