Натепан и ограбен Мароканец кај Градско

by Fokus

Маж од Мароко на возраст од 33 години, вчера бил физички нападнат и ограбен од две лица, во близина на Градско, кај село Уланци. Нападнатиот А.А.А.Е. настанот го пријавил во полиција. Како што дознава ,,Фокус”, станува збор за бегалец, по што истиот бил однесен во прифатниот транзитен центар за бегалци ,,Винојуг” во Гевгелија.

Неофицијално, и ограбувачите по кои се трага биле бегалци. Ова не е прв пат бегалец да биде ограбен во земјава. Транзитирајќи низ Македонија, кон својата цел – земјите на ЕУ, многумина во изминатите години беа жртви на напади и грабеж. Пред извесен период поголем број на Роми беа обвинети за грабежи над мигранти, а пред неколку години беше актуелен случајот со неготинец кој успеал да набави полициска униформа, и така облечен ги запирал и ограбувал мигрантите кои се движеле покрај пругата или пак покрај стариот автопат.

Тој беше осуден на затворска казна поради делото.

-Кога би можеле, би ја прелетале Македонија, а не пак да бараме да останеме овде – ни изјавија група на бегалци пред неколку години, кои се жалеа дека освен напади и грабежи, често биле и жртви на алчни продавачи, кои им наплатувале за храна многу повеќе од реалната цена.

Поврзани новости