Наташа Крстевска – Мијата: Прележав Ковид-19, па си ја остварив визијата!

by fokus

Поп пејачката Наташа Крстевска – Мијата го промовираше спотот за песната ,,Маска” кој е нејзино самостојно режисерско деби. За ,,Фокус” таа открива дека во ноември била инфицирана со корона вирус, а кога по еден месец го слушнала аудио записот за нумерата, веднаш знаела дека тоа е песна за неа.

-Директно и индиректно панедмијата е виновна за уникатноста на овој спот. Кога еден месец откако оздравев од Ковид-19 го пуштив аудиото за песната, знаев да се пошегувам дека песната е безбедна, бидејќи авторот и изведувачот го има прележано вирусот и има антитела.
Знаат да кажат во нашата земја, за успех во куќа, дека жената треба да биде и мајка и домаќинка и заводничка и менаџер, можеби токму тука и беше инспирацијата за песната. Ковидот ме инспирираше, алегоријата со маските во која што се посочивме, иако јас тоа го искористив и за обработување на таа женска тематика, која нас жените не опфаќа во едно патријахално општество.
Поради сите ситуации кои се случуваа околу мене, морав да влезам во режисерското столче – вели Мијата.

Додава дека првично требало да се снима во студио, но во меѓувреме и од продукцијата се инфицирале со вирусот. Затоа единствено и преостанало да го реализира проектот сама, и благодарна е на Сара Кочан, чиј тим од Денсерс Јунајтед одлично се вклопил во приказната.

-Целата екипа беше посветена, убаво беше што по целото тоа затишје конечно се започна со снимање на спот. Костимите ги изработи Гордана Божиновска, беше тоа специјална мисија да се направи костим за секоја од девојките во спотот, кој го претставува нејзиниот карактер.
Златица Поповска беше ангажирана за шминката, мојот мејкап во самурајското издание и за девојките, а Игор Петрески беше ангажиран како шминкер за специјални ефекти, каде што го работи делот со мене, како унисекс биста, која ја прикажува симболиката дека душата нема пол- раскажа Мијата.

Порача дека е благодарна на сите кои беа дел од проектот со кој се реализираше нејзината визија и среќна е поради новото искуство.

Вики Клинчарова

Поврзани новости