Наставник со дрвен стап претепал 13-годишен ученик

by Fokus

Наставник со дрвен стап претепал ученик и му нанел тешки телесни повреди, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 16,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.Б.(45) пријавил дека истиот ден околу 12,30 часот во Основно училиште во населбата Бутел, за време на настава на неговиот 13- годишен син од страна на наставник со употреба на дрвен стап му е нанесена телесна повреда по рацете и вратот. Веднаш по пријавувањето на настанот било излезено на местото на настанот од страна на полициски службеници од Полициската станица Чаир.

Известен бил Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости