Наставничкиот пленум размислува за формирање нов синдикат

by fokus

Наставничкиот пленум со долг список на барања до министерството за образование ќе се обидува да ги подобри состојбите во образовниот систем. Во пресрет на новата учебна година наставниците и проблемите стартуваат со стари проблеми.

Оштетени и неквалитетни учебници, ниски плати на просветни работници, водење на два наместо еден дневник, постојани експерименти со наставна програма без консултации со родителите и наставниците, како и големи паралелки во кои нема доволно услови за водење на настава се дел од старите проблеми со кои ќе ја стартуваме новата учебна година вели професорот Енвер Ајдини, еден од основачите на Наставничкиот пленум во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

-По штрајкот организиран од СОНК во јануари 2015 година излеговме многу незадоволни од начинот на кој СОНК ги решаваше проблемите во образовниот систем кај нас. СОНК погреши што го прекина штрајкот без да не консултира нас. Излезе дека сите реформи кои беа донесени од страна на министерството синдикатот ги прифаќаше. Можеби од време на време ќе го подигнеше гласот за нешто, но пак на крај ќе се договореа и ќе останеа истите работи несменети. Се размислува за формирање нов синдикат. Не е решено за тоа прашање, ние сме сега моментално организирани во таква хоризонтална структура, ако членовите на Пленумот (моментално се околу 1600) ако сите сакаат да преминеме во друг вид на организација, зошто да не. Тоа зависи од сите членови во Пленумот, вели Ајдини.

Поврзани новости