Наставнички се тепале во училиште во Кавадарци!

by Fokus

Тепачка помеѓу две наставнички од основно училиште во Кавадарци, кои биле на возраст од 53 и 54 години се случила вчера, во школската канцеларија.

Според СВР Велес, 54-годишната Д.К.А. пријавила во полиција дека околу девет часот била физички нападната од нејзината колешка, 53-годишната З.К. во канцеларијата во Основното училиште ,,Тошо Велков – Пепето” во Кавадарци.

-Се работи на случајот, се уште немаме официјален податок која била причината за настанот помеѓу наставничките. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – изјави за ,,Фокус” Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

 

Вики Клинчарова

Поврзани новости