Наставнички пленум: Казните и отказите од екстерното остануваат

by Фокус 17:08
17:08

Казните и отказите од екстерното тестирање остануваат и во новите законски измени за основно и средно образование кои се во собраниска процедура, велат од Наставничкиот пленум.

Според Пленумот, врз основа на објавениот извештај со резултати од спроведеното екстерно проверување на постигањата на успехот на учениците, 20% од наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели им се намалува платата за наредната година за 15% од платата што ја примале. Единствено, ваквото намалување нема да се реализира за учебната 2013/2014 година.

- Advertisements -

Измените на законот се вршат според договорените одредби од Спогодбата помеѓу Министерството за образование и наука и СОНК. Синдикатот тврдеше дека договориле да се укинат казните и отказите како најголем проблем од екстерното тестирање.

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, вели дека шпекулации се дека казните за наставниците од екстерното остануваат и тврди дека со овие измени тие се бришат.

 

Поврзани новости