Наставничката Стаменкова: Залудни се оправдувањата на Град Скопје, законот е на моја страна

by lali

По реакцијата на Град Скопје дека е запазена законската процедура при разрешување на директорката Слаѓана Стаменкова, до Фокус своја изјава испрати и самата наставничка која открива поинаква верзија за целиот настан со уверување дека законот е на нејзина страна и тоа му е јасно секому, па дури и на оние кои сакаат да го тврдат спротивното.

-Некои од наводите кои се дадени од страна на Град Скопје се препишани од самата одлука за мое разрешување. Ако Управниот одбор и Државниот просветен инспекторат во септември 2014 предложиле мое разрешување, како што е наведено, поради повреда на Законот за ученички стандард, зошто не ме разрешиле во октомври или ноември минатата година, туку по десет месеци, во јули 2015. Во контекст на ова, зошто не се споредувани моите контрааргументи, кои како докази се приложени до Управниот одбор и до Просветниот инспекторат, наспроти доказите приложени од Управниот одбор. Ако сум разрешена од директорското место, зошто не сум распоредена на пониско работно место според моите квалификации? И ќе потенцирам, зошто сум одјавена од Агенцијата за вработување и тоа за време на боледување, во период од 5 до 19 август 2015, иако во ученичкиот дом ,,Здравко Цветковски” беа уредно известени за тоа. На крајот, зошто откако ја завршиле целата постапка со моето одјавување, ме известуваат само со еден обичен мејл, прашува Стаменкова.

Наспроти нејзините аргументи Град Скопје одговори само во однос на разрешувањето од директорската позиција, но не и зошто таа е целосно избркана од ученичкиот дом.

Поврзани новости