Настaвничка го тепала ученикот прво во училница, а потоа продолжила во ходникот

by Fokus

Татко пријавил во полиција дека наставничка го тепала неговиот син, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 14.40 часот во Полициското одделение Сарај, А.Р. од село Арнакија пријавил дека неговиот 13 – годишен син на 02.04.2018 година околу 11.45 часот во Основното училиште „Емин Дураку“ бил физички нападнат од страна на негова наставничка, која прво го нападнала во училница, а потоа и во ходникот од училиштето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости