Насковски: Вмровците сакаат нивната држава да биде рамо до рамо со најразвиените во светот

by fokus

Стево Насковски до минатата седмица беше организационен секретар во ВМРО-ДПМНЕ. Разрешен е заедно со над 15 потсекретари.

Во разговор за „Дојче Веле“, Насковски дава свое видување за разрешувањето на проевропски oриентирани кадри во ВМРО ДПМНЕ, во актуелниот предрефрендумски период.

„Расположението на базата за евроатлантска интеграција на Република Македонија е на високо ниво. Членството на ВМРО-ДПМНЕ сака да ја види Репблика Македонија како членка на НАТО и како членка на Европската Унија. Вмровците сакаат нивната држава да биде во друштво, рамо до рамо, со најразвиените и најдемократските држави во светот. Но цело време, што од надворешни центри, што од наши партиски паралелни структури, се врши притисок и пропаганда за бојкот, при што се жртвуваат стратегиските определби на ВМРО-ДПМНЕ и се извртуваат вистинските вредности во таа насока“, посочи Насковски.

Поврзани новости