Наскоро започнува планинскиот велосипедски маратон „Плачковица 2016“: РАСТЕ БРОЈОТ НА ВЕЛОСИПЕДИСТИ ВО ЗЕМЈАВА

by fokus

Деновиве се подготвува теренот за петтиот по ред планински велосипедски маратон ,,Плачковица 2016,,. Според организаторот на настанот, Стојан Хаџи Јефтимов, годинава маратонот ќе биде со промотивен карактер, односно нема да се наплаќа за учество, туку ќе има оставено кутија за донации по завршувањето на маратонот.

plackovica2Спортскиот настан ќе започне на четиринаесетти октомври со забавна програма и со познати диџеи, а на петнаесетти ќе се возат две тури, голема од 50 километри и мала од 30 километри. На шеснаесетти ќе се возат три тури, и тоа на 70, 40 и 20 километри, а учесниците ќе можат да уживат во убавините на Плачковица. Најавена е голема посетеност на настанот од љубители на велосиедизмот и природата од целата земја.

thumbnail_stojan-hadi-jeftimovЛани поради лошите временски услови, маратонот беше презакажан за друг датум, но ниту дождот и маглата не ги спречија најупорните велосипедисти  рекреативно да возат до врвот на планината, сакајќи да ја пренесат пораката за значењето на овој спорт. Тогаш, останатите велосипедисти кои што не возеа на рекреативната трка, останаа да се дружат во планинскиот амбиент на габарскиот дом ,,Цока,, каде што имаа можност да пробаат разни специјалитети со печурки,традиционалната радовишка самун пита, и се забавуваа со музичкиот избор на диџеј Круно.

Оваа година ,,Плачковица 2016,, се поклопува со традиционалниот фестивал на Радовиш, манифестацијата ,,Самун ем татлија,, на која што се очекуваат голем број на посетители од целата земја.

Вики Клинчарова

Поврзани новости