Наскоро почеток на преговори со ЕУ со Скопје и Тирана

by fokus 14:24
14:24

По конфузијата што се појави со изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за одвојувањето на Македонија и Албанија за почеток на преговори со ЕУ, од Европската Комисија попладнево потврдија дека нивната позиција не е сменета, јави дописничката на МИА од Брисел.

На претседателката на Европската Комисија утрово во Тирана и беше поставено прашање за одвојувањето на Албанија од Македонија на кое таа одговори дека Албанија ги исполни сите услови за одржувањето на првата меѓувладина конференција и дека се прави сѐ за да се надминат пречките.

- Advertisements -

Овој одговор предизвика конфузија кај дел од новинарите околу тоа дали има промени во ставот на Европската Комисија и дали ова значи дека оваа институција би прифатила Албанија да оди напред ако Бугарија продолжи да ја блокира Северна Македонија.

На редовниот брифинг за новинари во Европската Комисија, денеска, портпаролите ја прецизираа оваа изјава.

-Претседателката турка за одржување на Меѓувладина конференција за Албанија и за Македонија пред крајот на оваа година, изјави Дана Спинант, портпаролка на ЕК.

Таа истакна дека нема промена во ставот на Европската Комисија по ова прашање.

-Претседателката ја изрази својата посветеност кон процесот на зачленување на Западниот Балкан во ЕУ и таа изрази желба и намера да работи за отворање на Меѓувладината конференција, нема промена, рече Спинант.

Портпаролката за проширување, Ана Писонеро, запрашана дали има напредок во надминување на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија рече дека еврокомесарот Оливер Вархеји е ангажиран во процесот.

Поврзани новости