Наскоро ќе биде промовирана единствената национална платформа за онлајн настава

by fokus

Единствената национална платформа на која ќе се одвива образовниот онлајн процес ќе биде промовирана наскоро, најави министерката за образование и наука Мила Царовска. Таа истакна дека институцијата со која раководи интензивно работи и на воведување комбиниран модел согласно кој училиштата ќе можат брзо да се прилагодуваат и за онлајн настава, но и настава со физичко присуство.

– Она на што веќе го работам изминатите десеттина дена како итно и неодложно е воведување е воведување комбиниран модел за настава што дава можност за брзо прилагодување на училиштата за настава со физичко присуство и/или онлајн настава, како и за започнување на учебната година на 1 октомври. Ппандемијата со КОВИД-19 покажа колку е важно образовниот процес и систем да се менува и приспособува и осовременува постојано и токму тоа го правиме денес. Наскоро пред јавноста ќе биде промовирана единствената национална платформа за онлајн учење, рече Царовска на денешната прес-конференција.

Таа истакна дека во земјава првпат ќе има ваква платформа која, како што потенцира, ќе биде едноствна за користење со двонасочна комуникација и направена на основа на добри практики.

– Таа ќе биде лесна за користење и за наставниците, учлениците и родителите, но и од страна на образовните институции. Ќе се користи и во време на ковид и но секако ќе биде важно да се појавува како поддршка на учењето во училница понатаму и надвор од неа, истакна министерката за образование и наука.

Поврзани новости