Насилен тетовчанец избодел таксист и службеник во Македонски пошти, повредил полицаец и и се заканувал на службеничка

by fokus

Двајца службеници во АД „Македонски пошти“, таксист и полицаец вчера завршиле со телесни повреди од агресивен 57 годишен тетовчанец од селото Нераште. Најпрво во 12.50 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, во објект на АД „Македонски пошти“, Н.Ќ. започнал расправија со Ф. А.(31) од Тетово вработена на шалтер во поштата, при што се обидел да ја фати со раката под шалтерското стакло, а со другата рака со тупаница го скршил стаклото и се упатил кон излезот.

Откако ја слушнал расправијата, дошол контролот во поштата. 57-годишниот С.И. му се обратил на Н.Ќ., но овој извадил нож и го повредил С.И. на левата страна на лицето. Повредениот контролор тргнал кон излезот на поштата, на улица забележал полициски службеници, на кои им го пријавил случајот. Во исто време Н.Ќ. се упатил кон такси возило и побарал превоз, но 60-годишниот таксист А.М. одбил да го услужи. Од тие причини Н.Ќ. со ножот му нанел три убодни рани во пределот на десната рака.

Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи -Тетово, Н.Ќ. е приведен во Полициската станица -Тетово, а притоа еден полициски службеник се здобил со повреда на левата рака од удар со врата од такси возилото. По настанот, на повредените им е укажана лекарска помош во Медицински центар -Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од Сектор за внатрешни работи Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости