Полициската станица во Берово вчера во 8 часот добила пријава од Б.С. (62) од село Русиново дека при уривање на старата куќа, пронашол неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна во еден од ѕидовите.
Од стручно лице од Дирекција за заштита и спасување, пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.