Нашите политичари не ги кријат семејствата: Средениот приватен живот како предуслов за домаќинско владеење!

by fokus

По теркот на светските политичари, и нашите јавни функционери, односно кандидати на претстојните избори, се почесто започнаа да објавуваат семејни фотографии и детали од приватниот живот на своите официјални страници.

За тоа дека средениот семеен живот на функционерите неретко е предуслов да се владее домаќински и посветено, неретко се коментира во јавноста. Без мир во куќата, не може да се оди напред и во професијата, е една од честите изреки, која многу светски лидери одамна ја сфатиле, па традиционално ја споделуваат приватноста со јавноста, објавувајќи детали од летувања, семејни прослави, како и идилични фотографии со кои ја испраќаат пораката дека семејството им е на прво место и имаат среќен и среден живот.

Промовирањето на семејните вредности секогаш е чекор кој им носи поени на функционерите, кои на некој начин ги освојуваат симпатиите на оние гласачи кои даваат предност на зачувување на традицијата и фамилијата како столб на општеството.

Токму таа порака, дека семејството е столбот на општеството, деновиве ја објави и кумановскиот градоначалник и кандидат за нов мандат, Максим Димитриевски, кој сподели семејна фотографија со сопругата, децата и домашниот миленик.

Димитриевски е татко на три деца, Милан, Вероника и Димитар, а неговата сопруга Надица е наставничка во Куманово.

Во претходни интервјуа, често ја потенцираат вредноста на семејството, меѓусебната поддршка и љубовта која им траела повеќе од дваесет години.

Во минатото, многу поретки беа политичарите кои објавуваа семејни фотографии или пак детали од приватноста, и се случуваше јавноста воопшто да не е запознаена дали некој јавен функционер има сопруга, деца, со што се занимаваат тие, односно какви се приватно луѓето на кои им се доделени високите државни функции.

И покрај напорите да си ја зачуваат приватноста за себе, сепак гласачите сметаат дека од голема важност е да се знаат и деталите од личниот живот на потенцијалните функционери, бидејќи нивниот животен стил во голема мера ги одразува и вредностите за кои би се залагале од позиција на власт.

Вики Клинчарова

Поврзани новости