Нашата љубов ќе го избрка канцерот, вели Божо Вреќо чија мајка се бори со тешката болест

by Fokus

Популарниот босански пејач Божо Вреќо, познат во јавноста како принц на севдахот и според „Њујорк Тајмс” човекот со ангелски глас, минува низ голема животна драма. Ексцентричниот музичар кој ги полнеше концертните сали ширум регионот пред пандемијата, за јавноста откри дека минува низ доста тежок период, бидејќи на неговата мајка Мила и бил дијагностициран карцином.

Со цел да ја расположи, но и да и даде поддршка, тој позирал со неа покрај новогодишната елка, и испрати порака дека таа не е сама во својата борба.

-Мајка ми е тука, нејзината мала рака во мојата, облечена во фустанот од мојот концерт, а јас цел ден и кажувам најубави зборови. Таа е мојата сила, и заедно се бориме против канцерот. Нашата љубов ќе го избрка што подалеку, животот носи тешки и радосни моменти, а додека има љубов, ќе има и живот и радост.Сакам да верувам во тоа, дека ќе биде добро, и дека уште долги години ќе ме прави среќен – порача музичарот.

Тој исто така откри дека операцијата на неговата мајка ќе биде во четврток, и тие убаво се облекле, си кажале дека се доволно силни, и си ветиле дека храброста ќе ги води. Вреќо е доста популарен и кај нас. Пред почетокот на пандемијата, на 23-ти февруари имаше голем концерт во МОБ за кој се бараше влезница повеќе.

Тоа беше негов прв концерт во Скопје, а втор во Македонија. Гости му беа „Љубојна” и со Вера Милошевска ја изведоа ,,Поље махова,, од неговиот последен албум „Принц севдаха” во издание на Кроација рекордс. Беше испратен со овации од публиката и вети дека наредната година повторно ќе дојде.

Вики Клинчарова

Поврзани новости