Насер Зибери позитивен на Ковид 19

by Fokus

Кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери е позитивен на Ковид-19, потврдија од ДУИ.

Од партијата велат дека Зибери денеска го добил решението дека е позитивен на корона вирусот, но не знаат кога и каде се заразил, бидејќи како што велат во кампањата имал контакт со многу луѓе.

„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со Зибери, но тој не одговараше на нашите телефонски повици и смс пораки.

Поврзани новости