Народниот правобранител остро ја нападна Гешкоска за случајот „Монструм“

by Фокус

Лицето што е обврзано постапката да ја спроведе професионално, се обидува некому да му го задоволи ќеифот, а тоа се случи со завршните зборови на обвинителката што го водеше случајот. Јас не сум убеден дека нејзе ја зафатиле емоциите, дека чувствува болка за оние што страдале. Со ваков став, во емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија излезе народнот правобранител, Иџет Мемети, упатувајќи остра критика на обвинителката Гордана Гешкоска за случајот „Монструм“

– Застапникот на обвинението во случајот „Монструм“, со завршните зборови, што ги изнесе пред Основниот суд Скопје 1, ги исполнила апетитите на некој друг.  Сите треба да чувствуваат болка за оние што страдале, но тоа повеќе јас мислам дека го прави за некому да му каже дека, јас сум таа што ќе игра онака како што сака. Тоа е лошото во нашето општество, кога органите се политизирани и ако овој процес или друг што на стартот тргнува вака, со впечаток дека некој во кого треба да имаат доверба сите граѓани, остава впечаток дека навива, тука е сè завршено – рече народниот правобранител Мемети во емисијата.

Поврзани новости