Народен правобранител: Пријавете нерегуларност на бесплатниот број – 0800-54321

by fokus

Покрај лично во канцелариите како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следните телефонски броеви: 044 344-082 во Тетово, 034 329-996 во Струмица, 045 228-586 во Кичево, 047 242-310 во Битола, 032 389-701 во Штип  и 031 431-488 во Куманово.

Кабинетот на народниот правобранител вели дека правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

„Народниот правобранител потенцира, дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела“, нагласуваат од Кабинетот на народниот правобранител.

Поврзани новости