Наредните недели или месеци ќе се знае дали ЕУ ќе го задржи кредибилитетот, рече Димитров

by Fokus

Или ќе ја обновиме или ќе ја изгубиме кредибилноста на ЕУ на Балканот, порача вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пред почетокот на денешниот неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија.

Тој рече дека е големо задоволство да се биде во Брдо во Словенија и дека ја цени поканата на словенечкото претседателство. За него има смисла земјите од регионот да бидат таму со земјите членки на ЕУ.

-Сите знаеме дека вирусот не познава граници, нема познавања околу статус на членство или статус на кандидат. Географски ние сме опкружени со земји-членки, ова треба да го направиме заедно со ЕУ. Затоа едвај ја чекам дискусијата. Веројатно ќе го отвориме прашањето за пристапување и проширување. Мислам дека под словенечкото претседателство во следните недели и месеци ќе ја достигнеме оваа точка на решителност. Или ќе ја обновиме кредибилноста на ЕУ на Балканот или ќе ја изгубиме. Мислам дека многу зависи од знаењето и мудроста на словенечкото претседателство да успееме, а не да потфрлиме, рече Димитров.

Поврзани новости